Серија А го одреди терминот за почеток на новата сезона

550

Новата фудбалска сезона во италијанската Серија А ќе започне на 13 и 14 август, а ќе заврши на 4 јуни 2023 година. Според утврдениот календар, оваа сезона ќе има и пауза поради Светското првенство во Катар, која ќе биде во периодот меѓу 14 ноември 2022 година и 4 јануари 2023 година.

Италија нема да учествува, но за време на Светското првенство, Серија А може да организира пријателски турнир во САД. Ќе има уште една пауза, многу пократка, меѓу 19 и 27 септември.

По пласманот на Монца веќе се јасни имињата на сите 20 екипи кои ќе конкурираат за Скудетото во сезоната 2022/23 во Серија А. Монца на Силвио Берлускони им се придружува на Кремонезе и Лече, кои се пробија директно во елитата откако завршија на првите две места во Серија Б.

ПретходноОдбојкарите против Италија и Египет на Медитеранските Игри
СледноРакометарките на МИ 2022 во силна конкуренција