Заврши сезоната за Хувентуд и Ненад Димитријевиќ во шпанската Ендеса лига откако во решавачкиот меч од четвртфиналето од плеј-офот беа убедливо поразени од Барселона. Во третиот натпревар, Барселона на свој терен го совлада Хувентуд 94:73 и со 2:1 се пласираше во полуфиналето каде ќе игра со Тенерифе.
И покрај повредата на скочниот зглоб, македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ одигра 23 минути и реализира десет поени, шест асистенции и еден скок.
Ова воедно е и последен натпревар за Димитријевиќ во дресот на Хувентуд, затоа што од идната сезона ќе игра за Валенсија.