Подготвувајќи го тимот за следната сезона и враќањето во Првата лига, ФК Брегалница потпиша прв професионален договор со еден од најголемите свои таленти Матеј Георгиев.
17-годишниот Георгиев, кој е и досегашен капитен на македонската репрезентација за фудбалери до 16 години, по одличните игри го добива и првиот професионален договор во синиот дрес.
„Сините“ го продолжуваат официјално договорот и со уште еден млад фудбалер, 19-годишниот Анџело Николовски“.
“Покрај резултатскиот императив кој го носи тимот на Брегалница, ние паралелно продолжуваме и со нашиот проект за склучување договори со младите фудбалери. Инвестицијата во младите е една од основните определби на нашиот клуб“ истакна за клупскиот сајт спортскиот директор на ФК Брегалница, Никола Тонев.