Foto> Twitter
Тренерот на Рома ги анализираше репрезентациите – учеснички на Европското првенство и посочи кои три од нив, според него, имаат најголеми шанси за титулата. Според него на прво место е Франција, а по нив Англија.
„Французите можат да учествуваат со „А“ и со „Б“ екипа, затоа што во овој момент имаат огромен број на топ фудбалери. Кога го имаш Килијан Мбапе во својата екипа, тогаш е многу полесно. Не гледам никакви слабости во овој тим. Ако треба да посочам една екипа која ќе го земе трофејот, тогаш тоа е Франција.
Да се биде селектор на Англија или Бразил е најтешката работа, затоа што навивачите многу очекуваат од тимот. Место фудбалерите да бидат поддржани од почетокот до крајот, веднаш се почнуваат да се бараат нивни слабости и скандали. Па во таква ситуација фудбалерите треба да бидат многу емоционално силни за да излезат на крај со сиот притисок. Ако тоа го направат сега, имаат големи шанси. Групната фаза ја играат дома, полуфиналето и финалето исто така е на „Вембли“. Сега е моментот за титула“, вели Мурињо во колумна за „Сан“.
Мурињо не ги гледа како победници Белгијците кои имаат фантастична екипа или Шпанците за кои вели дека се технички одлични но имаат многу слабости, ниту Италијанците, ниту своите Португалци…
❌ Spain
🧐 #ThreeLions
👑 FranceJose Mourinho makes his picks for #EURO2020!
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) June 4, 2021