Димитријевиќ го одигра последниот меч за Хувентуд, се сели во Валенсија

425

Ненад Димитријевиќ вечерва го одигра последниот натпревар во дресот на Хувентуд.

Македонскиот репрезентативец од следната сезона се сели во тимот на Валенсија, засега не се познати деталите од договорот, но наскоро треба да биде официјално промовиран.

Најдобриот македонски кошаркар во Хувентуд е од 2012 година дојде од Јуниор Скопје.

Беше дел од младинскиот тим на Хувентуд, на 18 години заигра за сениорите.

Нено прерасна во лидер на тимот од Бадалона, неговите импресивни партии беа и тоа како забележани од голем број европски клубови, на крајот одлуката падна на Валенсија.

Новиот тим на Нено исто ќе настапува во ФИБА Еврокупот.

ПретходноЕкс-играч на Парма почина на ревијален меч во чест на својот мртов брат
СледноБрегалница потпиша професионален договор со Георгиев, а со Николоски ја продолжи соработката