Фрејзер-Прајс го постави најдоброто време на 100 метри во последните 33 години!

400

Двојната олимписка шампионка на 100 метри Шели Ан Фрејзер Прајс го постави најдоброто време на 100 метри во поновата историја во женската атлетика. Спринтерката од Јамајка која на СП во Доха се врати со титула на 100 метри после паузата поради мајчинство, постигна 10.63 секунди во Кингстон. Тоа е четврто најбрзо време во историјата на 100 метри. Пред нејзе е само Флоринс Грифит Џојнер со три рекордни времиња 10.49 секунди, 10.61 секунди и 10.62 секунди сите поставени во 1988 година.

Инаку остварувањето на Фрејзер-Прајс е подобро од националниот рекорд на Јамајка од 10.70 секунди која претходно го делеше со олимписката шампионка од Рио де Женеиро, Илејн Томпсон-Хера.

Ова е одлична увертира за 34-годишната Фрејзер-Прајс за Олимпијадата во Токио. Ако ја задржи формата може да стане и првата жена во историјата со три олимписки златни медали во атлетика во една дисциплина, како и највозрасната жена со индивидуална олимписка титула во спринтерските трки.

ПретходноДанска е противникот на Македонија во финалето на Европската лига
СледноЧеферин: Тој човек за мене не постои!