Ако Пандев остане во Парма ќе има нов тренер – Фабио Пекија

171

Парма денеска и официјално го назначи Фабио Пекија за нов тренер на тимот.

48-годишниот стратег ќе биде нов предводник а тимот во чии редови настапуваше и нашиот Горан Пандев, кој се уште официјално нема одлучено дали ќе остане уште една сезона на фудбалските терени или сепак, заминува во пензија.

Пекија има тренерско искуство како стратег на бројни италијански клубови, од Фоџа, Губио, Латина, Верона, до Кремонезе со кој избори промоција во Серија А и сосема неочекувано си замина од клубот.

Тој исто така работел како помошник главен тренер во Наполи, Реал Мадрид и Њукасл Јунајтед.

ПретходноЛН: Португалците извадија реми со Шпанија, Халанд ја „реши“ Србија во Белград (ВИДЕО)
СледноГолден Стејт и Бостон со рекорд, Селтикси со неверојатен пресврт до „брејк“ (ВИДЕО)