Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Разград одигра 1:1 против домаќинот Бугарија и на тој начин со реми ја стартуваше најновата кампања во Лигата на Нации.
Можевме да дојдеме и до победа, реално на терен изгледавме далеку подобро, но што е тука е бодов освоен кај незгодниот противник секако дека ќе ни даде дополнителен мотив да одиграме подобро на следните мечеви.
Бугарскиот печат утринава подробно го анализира мечот, домашната игра, но и играта на Македонија.
Оцените се позитивни за нас, речиси целокупниот наш тим има индекс плус во однос на оние на домаќинот, а наш најдобро оценет играч е капитенот Енис Барди. Со индекс седум, додека пак останатите најчесто се оценети со 6.5.