Кога мислевме дека вчерашниот премиерен дуел од новата Лига на Нации, помеѓу Бугарија и Македонија одигран во Разград минал без скандали и политичка нота, се случува ова.
Објективот на македонските фоторепортери, (не очигледно и на бугарските) „улови“ на трибините знаме која има ни помалку ни повеќе туку нацистичка конотација.
Зошто и точно кој го донел ова знаме и каква порака сака да пренесе со истото засега не знаеме, но истото ќе биде откриено преку истрагата која следува. УЕФА го нотираше овој момент, нормално, поднесе пријава и сега Бугарската Фудбалска Федерација ќе мора да одговори на поставените прашања.
Особено што ова е многу специфичен момент, конфликтот во Украина е во полн ек, па сигурно и институциите на Европската унија, чија што членка е Бугарија ќе имаат што да кажат на темата.