На крајот на месецот Пауло Дибала ќе биде слободен играч, после седум години си заминува од Јувентус, откако со раководството на клубот не успеа да најде заеднички јазик.
Се шпекулира дека може да го облече дресот на Интер што би било голем удар за тимот од Торино, неофицијално имал и состанок, но оваа информација доби демнат. Дибала откри дека сака да се проба надвор од „чизмата“.
„Се чувствувам мирно, луѓето со кои соработува се грижат за тоа. Во Италија се чувствувам пријатно, но сепак би сакал да се пробам во друга лига како Премиер или Ла Лига“.
По оваа изјава англиските медиуми пишаа дека Јунајтед, Арсенал и Тотенхем се заинтересирани за него. Останува да видиме каква одлука ќе донесе Аргентинецот.