Ашковски: Не сме задоволни со овој бод и заслуживме повеќе

186

Добро е кога ден по одиграниот меч, во случајов оној против Бугарија на гостински терен 1:1, нашите репрезентативци да не се задоволни, напротив. Да бидат лути што се вели самите на себе што во далеку подобра игра од противникот не успеавме да обезбедиме повеќе од бод.

„Не сме задоволни со овој бод. Мислам дека заслуживме повеќе според покажаната ига. Сепак, ова е прв меч, и на следните дуели сигурен сум дека ќе биде многу подобро. Вториот дел го отворивме многу добро, постигнавме израмнувачки гол, штета што само не ги искористивме тие неколку шанси за да постигнеме и втор. Што се однесува до позицијата десен бек, она што го играв вчера, реално не ми е непознаница, затоа што го играв тоа против Ерменија на гости, а и во клубот по потреба знам да одговорам на барањата на тренерот“ – вели Стефан Ашковски, па додава.

„Да, последните дваесетина минути се почувствува мал замор,  но тоа е нормално крај е на сезоната. Сепак, имаме доволно играчи во ростерот во моментов за да ги одиграме на потребното ниво сите четири меча кои се тема во моментов“ – вели нашиот страничен дефанзивец, кој често ја менува својата лева со спротивната десна страна.

 

ПретходноСкандалозно: Нацистичко знаме во Разград
СледноКако гореше Македонија за Вардар: Околу 150.000 фанови ги пречекаа европските прваци (ВИДЕО)