3×3 репрезентацијата замина за Романија

106

3х3 репрезентацијата на Македонија утрово замина за Романија поточно Констанца каде претстојниот викенд ќе земе учество во квалификацискиот турнир за Европскиот Куп.

Репрезентацијата, во состав: Христијан Ристов, Марко Дујковиќ, Благој Димитриев и Ервин Цого (од лево кон десно) ќе одигра два натпревари во рамки на ‘pool’ рундата, против Црна Гора (17:10 часот) и против Полска, два часа подоцна (19:00 часот) в сабота (4.јуни). Нокаут фазата е закажана за в недела (5. јуни).

Распоредот на натпревари и повеќе детали околу тимовите се достапни на следниот ЛИНК.
Видео пренос од натпреварите:
Ден 1, Прв дел (натпревари до пладне)
Ден 1, Втор дел (Пренос од натпреварите на македонската репрезентација)
Ден 2

ПретходноЕрменија е минато, следува Украина
СледноМасевски, Христовски и Анѓелески за уште посилен Силекс