И славниот Баџо “плаче“ по поразот од Македонија: Срамно и лудо е што Италија не е на Мундијалот!

368

Иако минаа речиси три месеци од она што им се случи, и тоа благодарение на Македонија, среде Палермо кога загубија од „рисовите“ на Благоја Милевски во баражот за СП, во Италија сеуште топ тема е неиграњето на европскиот првак на Мундијалот во Катар.

Поразот од Македонија за нив беше и сеуште е национална трагедија со несогледливи последици.

Се обидоа на “мала врата“ да се протнат, но не успеаја, а нема ден некоја позната фудбалска фаца да не “плаче“ дека Италија нема да игра на Катар.

Па така на ред дојде и славниот Роберто Баџо, легендата на фудбалот во Италија кој изјави…

Италија е европски првак, и срамно и лудо е што директно или автоматски не се пласира на Мундијалот. Секој може да има лош дена како ние со Македонија, и само поради еден натпревар Италија не во Катар. Се виде на мечот со Аргентина дека овие играчи имаат психолошки последици по елиминацијата“ посочи Баџо.

ПретходноХорор: Се обиделе да ограбат фудбалер на Тотенхем, испукани биле 29 куршуми!
СледноТодоровски заврши со Теута, се враќа во ПМФЛ!