Ромелу Лукаку сака да се врати во Интер ова лето, но Челзи не смета дека треба да го испрати „гратис“. Според информациите на британски „Телеграф“, лондончани ќе бараат најмалку 20 милиони фунти за позајмица на Белгиецот за следната сезона.
29-годишниот напаѓач е решен да замине од „Стемфорд Бриџ“, но Челзи веројатно нема да му дозволи целосна слобода. Најверојатно Интер би го добил назад со договор за закуп со опција за купување следната година.
Претходно беше објавено дека агентот на Лукаку на крајот на мај имал разговори со раководството на Интер за можното враќање на играчот. Лондончани најавиле дека ќе го ослободат напаѓачот доколку добијат прифатлива понуда од околу 20 милиони фунти за закуп на една година.