МЗТ Скопје со старо добриот „рецепт“ го победи Пелистер и поведе во финалето

192

МЗТ Скопје поведе во финалната серија со 1-0, откако на домашен терен го совлада Пелистер со 91-76. Бранителот на титулата до триумфот дојде по старо-добро познатиот рецепт, добрата игра во третата четвртина беше клучна за крајниот исход. Зогра на се, вечерва и реализацијата беше на страната на МЗТ Скопје.

Војдан Стојановски и Немања Милошевиќ го предводеа својот тим, двајцата имаа по 19 поени, десет запиша Дамјан, 11 имаше Ајви. На другата страна Кесар имаше 22 поени и 8 скока.

Првото полувреме му припадна на актуелниот македонски првак, по изедначената игра на стартот на натпреварот, се играше кош за кош, по првата четвртина имаше позитива од 23-18.

Избраниците на Александар Петровиќ добро тргнаа и во третиот период, по нецели три минути игра поведоа со 31-22, не искористија напад за да дојдат до првата двоцифрена разлика.

Веднаш следеше казна. Кошаркарите на Пелистер вратија со серија од 2-11 и израмнија на 33-33, Кесар не реализираше за водство на неговиот тим. Војдан постигна тројка и го врати својот тим на вистинската патека. На одморот беше 47-41. До овој дел актуелниот првак имаше седум тројки од девет обиди.

На стартот на третата четвртина, МЗТ Скопје одново дојде на плус девет (50-41), позитива која ја имаше во 25 минута 62-53. Илиевски повика тајм-аут, кој не промени ништо. Како по некое правило неговиот тим падна во овој период. Мекиќ, Рикиќ и Војдан (осум поени) зголемија на 74-56 во 28. минута за серија од 12-0.

Во последната четвртина, МЗТ Скопје влезе со позитива од 75-60. Најголемата позитива беше плус 17, но битолчани на четири минути до крајот намалија на 80-73. Во важните моменти гостите не реализираа слободни фрлања, Војдан со два поени и Ајви со три поени зголемија на 89-73 за крај на сите надежи на спротивната страна.

Втората средба од финалната серија се игра во недела со почеток во 18:30 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

ПретходноПо голема драма и пенали Скопје обезбеди опстанок во Супер-лигата
СледноАБА финале: Партизан ја демолираше Ц. Звезда и закажа „мајсторка“