УЕФА им се извини на навивачите: Никој не смее да се најде во таква ситуација!

253

Годинешното финале во Лигата на шампиони почна со пола час задоцнување, поради лошата организација на натпреварот. Навивачите на Ливерпул имаа проблеми пред да влезат на стадионот, дури и оние кои имаа билети. Дел од нив сакаа да влезат насилно, на крајот мораше да интервенира и полицијата.

После сето ова, УЕФА излезе со посебно соопштение, во кое им се извини на навивачите и најави подетална истрага за случувањата пред финалето.

„УЕФА искрено му се извинува на секој навивач кој преживеа или сведочеше на застрашувачките и вознемирувачките случувања пред финалето на 28. мај 2022 година во Париз, во ноќта која требаше да биде прослава на европски фудбал. Ниту еден навивач не би требало да се најде во ваква ситуација, не смее да се повтори.  

УЕФА веднаш по овие случувања спроведе независна истрага за да се утврдат сите недостатоци и обврски на сите субјекти вклучени во организацијата на финалето. Целта е да се дознае што точно се случило во текот на подготовките за финалето и да се обиде да утврди кои заклучоци треба да се донесат во една таква ситуација, за да истата не се повтори“, најавуваат од УЕФА.

УЕФА исто така ќе земе и коментари од навивачите кои беа дел од финалето, нивниот глас ќе биде земен во обзир.

ПретходноФудбалери на Авелино пресретнати и ограбени од навивачите затоа што загубиле во бараж (ВИДЕО)
СледноРеал Мадрид на расплагање има нестварна сума за засилувања!