Ф1 тимовите согласни: Календарот мора да се среди за да не шетаме по светов беспотребно

111

Првиот човек на Ф1 тимот Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека сите тимови се едногласни дека сопствениците на правата на натпреварувањето треба да го средат календарот за следната година според географските локции на трките кои ќе се возат. Според Хорнер, тимовите мора да заштедат на транспортот и патувањата и да не се враќаат по неколкупати во одредени делови од светот.

„Гледајќи го календарот сега, се наметнува прашањето зошто да не се групираат некои трки една по друга. Било да се американски, европски или азиски викенди. Вака не е добро. Сега некои сегменти од календарот изгледаат бесмислени на географска основа. На пример, одржувањето последователни трки во Азербејџан и Канада е тотална глупост“, вели Хорнер.

ПретходноЕлмас: Мора да се поправи реализацијата…дојдовме по трите бода!
СледноПеколно ќе биде утре на „Викторија“ за Македонија! (ВИДЕО)