Еспаргаро тргнува од пол-позиција на Каталонското ГП

57

Возачот на Априлија, Алеш Еспаргаро, обезбеди пол-позиција пред утрешната трка за ГН на Каталонија на патеката во Барселона.

Шпанецот на домашна патека извозе време од 1:38.742 во својата претпоследна рунда, што беше доволно за првата позиција. Победникот на минатонеделната трка, Франческо Бањаја заостана само 31 илјадитинки зад него и утре ќе почне од втората позиација. Актуелниот шампион Фабио Квартарато на Јамаха заврши како трет.

Од четвртото до десеттото место се пласираа Зарко, Фабио Ди Џанантонио, Хорхе Мартин, Алекс Ринс, Маверик Вињалес и Лука Марини.

ПретходноКавани се враќа во италијанската Серија А?
СледноЃоковиќ и Надал на списокот на учесници на Вимблдон, но го нема Федерер