Убав гест на кошаркарите на Пелистер. Имено тие денеска напладне имаа дружба со битолчани во пресрет на утрешниот меч со МЗТ Скопје, втор од финалната серија за шампионската титула. Се побара и поддршка од фановите, а се делеа и влезници за овој важен меч за сите во клубот. Секако дека се испи и кафето во еден од битолските кафулиња. Инаку ова за Пелистер е прво финале во историјата на клубот, засега резултатот е 0:1 за МЗТ Скопје, се игра во три добиени.
Вториот меч од оваа серија се игра утре во Битола со почеток во 18:30 часот во салата “Боро Чурлевски“.