Лазаров и другарите од Нант со пиво го славеа второто место во лигата

239

Ракометарите на Нант без проблем славеа против аутсајдерот Нанси со 32-24 и го осигураа второто место во француската ЛНХ лига. Македонскиот капитен и селектор, Кирил Лазаров имаше минимална минутажа на овој меч и поради тоа заврши и погодок, но најважно е што неговиот тим стигна до потребната победа и до второто место со што обезбедија пласман во ЕХФ Европската лига но можно е извадат „вајлд“ карта за настап и во Лигата на шампионите.
По мечот, славјето беше толку големо што Лазаров и другарите се истушираа со пиво. Очигледно се свесни дека и покрај второто место ова за нив е успешна сезона.
Инаку шампион на Франција е ПСЖ.
Нант се уште има шанси да стигне до трофејот во Купот затоа што игра полуфинале.

ПретходноОва е КРАЛОТ: Надал го „збриша“ Руд за 14. титула на Ролан Гарос
СледноВО ЖИВО: ГИБРАЛТАР – МАКЕДОНИЈА