ПОЛУВРЕМЕ: Македонија доминантна, а Барди со супер-продор ја затресе мрежата

110

Македонската фудбалска репрезентација има минимално водство (1:0) по првото полувреме на мечот со Гибралтар. На стадионот „Викторија“ нашите репрезентативци се доминантни на теренот и тоа го крунисаа со еден гол. И тоа по една одлична акција на Енис Барди во 21. минута. Фудбалерот на Леванте реши да дрибла и тоа одлично го направи, „измеша“ неколку противнички дефанзивци и стрелаше прецизно во голот.
Но само неколку минути претходно можевме да добиеме „туш“ затоа што по грешката на Муслиу, фудбалерите на Гибралтар за малку ќе поведоа. Муслиу се обиде да врати до нашиот голман, а Валарино ја собра топката но ја погоди надворешниот дел од голот.
Засега се оди по планот, па очекуваме во вториот дел подобра игра на нашите офанзивци и уште некој погодок за повисоко водство.

ПретходноКениец победи на маратонот во Стокхолм иако една минута трчал во погрешна насока
СледноКузмановски со гол во последните секунди му донесе победа на Хановер