ПОБЕДА на Македонија… без многу потење…

407

Победа на Македонија над Гибралтар од 0:2 во вториот меч од Лигата на Нации. Иако не блескавме, посебно не во второто полувреме, сепак бевме паметни, без многу потење, ги штедевме силите за победа и три бода.

Очекувано, целта е остварена и тоа со головите Барди во првиот дел и на Николов во финишот на средбата.

Вкупно трет меч меѓу овие две селекции и трета победа за нашиот тим и тоа без примен гол.

Дадена е шанса на повеќе наши фудбалери, се штедеа силите, тоа е најважно, ако се знае дека за неколку денови не очекува дуел со Грузија во Скопје.

Македонија мечот, како што и се очекуваше, агресивно, со напад, со пресинг на половината на домаќинот. Таквата игра доведе до наш гол уште во 3.минута, кога Елмас одлично го проигра Трајковски, овој стрелаше, но голот беше поништен поради офсајд. ВАР тоа го потврди. Само неколку минути пдооцна Милан Ристовски убаво си се намести, шутираше од 10 метри, но само во пречката на Колинг.

И тогаш, во таа 17 минута, за малку водство на Гибралтар, и тоа по киксот на Муслиу кој неспоредно се поигруваше пред нашиот казнет простор, му ја подари топката на Стиш, а овој иако излезе сам очи во очи со Илиев, сепак ја погоди мрежата од надворешнот дел.

Казната стигна на спротивната страна, и тоа во 21.минута, кога по додавањето од корнер, Барди влета во домашниот шеснаесетник, си се прошета и мајсторски шутираше за наше водство од 0:1. Ова е негов 10 гол во дресот на Македонија. До крајот ние ги контролиравме настаните на теренот, Спировски имаше неколку закани од далечина, но сепак на пауза се замина со тие 0:1 за Македонија.

Барди погоди за водство на Македонија, негов десетти гол за националниот тим (видео)

ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ ЗА ЗАБОРАВ

Второто полувреме го почнавме со Кире Ристевски место Стефан Спировски. Потоа во игра влегоа и Доријан Бабунски и Бојан Миовски.

Во првата фаза од овој период, Македонија исто така ја имаше контролата на теренот, но без некоја посебна закана кон голот на Гибралтар. Можеби домашните одиграа малку поагресивно, но далеку од тоа дека имаа некои акции а уште помалку шанси. Сепак во 62.минута нашиот голман Илиев спасуваше.

До 65.минута Милевски ги направи сите пет измени, влегоа и Давид Бабунски и Ашковски.

Не така добра игра во продолжението, никако не успеваме како во првото, целосно да доминираме, но сепак контролата на мечот е наша.

Во 80.минута Миовски шутираше, тоа требаше да биде гол, но топката мина за малку покрај голот.

ГОООООЛ….НИКОЛОВ ЈА ПОТВРДУВА ПОБЕДАТА

Бобан Николов е човекот кој во 85.минута е тој што ги решава дилемите, ако ги имаше. Браво за нашиот играч за врска, убаво ја искористи лошата поставеност на домашната одбрана и стрелаше за 0:2 за Македонија.

Николов ја запечати победата на Македонија во Гибралтар (видео)

И тоа е тоа. Победа за Македонија, прва во овој квалификациски циклус.

Одиме според планот.

Лига на Нации

ГИБРАЛТАР – МАКЕДОНИЈА 0:2 (0:1)

Стадион „Викторија“ во Гибралтар. Гледачи: 2.000. Судија: Алан Дуро (ЛУК). Стрелци: Барди 21., Николов 85. (МАК). Ж. Картони: Дав. Бабунски (МАК).

ГИБРАЛТАР: Колинг, Џоли, Вајсман, Брито, Ториља, Лопез, Анесли, Оливеро, Стиш (65.Кумбес), Валарино (78. Касчијаро), Вокер (87. Посо).

Селектор: Хулио Рибас.

МАКЕДОНИЈА: Илиев, Тодороски, Муслиу, Серафимов, Алиоски (65. Ашковски), Барди, Спировски (46. Ристевски), Николов, Елмас (65. Дав. Бабунски), Трајковски (57. Миовски), М. Ристовски (57. Дор. Бабунски),

Селектор: Благоја Милевски.

ПретходноНиколов ја запечати победата на Македонија во Гибралтар (видео)
СледноЏани секогаш е главен, „тепачка“ за неговиот дрес (ВИДЕО)