Велс ја победи Украина со 1:0 на стадионот во Кардиф и како последна европска репрезентација обезбеди настап на СП во Катар оваа година. Единствениот гол за голема радост на домашните навивачи беше всушност автогол на гостите. Во 35. минута велшкиот напаѓач Герет Бејл биеше кон голот на гостите, топката ја допре главата на напаѓачот на Украина, Андриј Јармоленко и ја погоди мрежата.
Така, благодарение на победата над Украина, селекцијата на Велс се најде меѓу патниците на Светското првенство во 2022 година. Во финишот на мечот гостите имаа голем број шанси да израмнат, а една од најубавите благодарение на домашниот голман Хенеси остана нереализирана.
Hennessy masterclasspic.twitter.com/vO3d5Re869
— GoncaloDias17 🇦🇷 (@goncalo_diass17) June 5, 2022