Грузија демонстрираше моќ: Бугарија демолирана во Разград (ВИДЕО)

2354

Она што не успеавме да го направиме ние пред некој ден, и успеа на Грузија. Во меч од 2. коло во нашата група од „Ц“ сегментот во Лигата на нации, Грзуија ја демолираше Бугарија во Разград совладувајќи ја со високи 5:2.

Бугарите беа „топовско месо“ од почеток до крај на мечот, а гостите покажаа дека оваа година жестоко ќе се борат за првото место во групата. Грузија поведе со голот на Давиташвили по само 4 минути игра, за во 31. минута со автоголот на Христов гостите да имаат и предност од 2:0 на пауза.

 

Во вториот дел во 50. минута Атанас Илиев погоди за 1:2, но радоста и надежта на домашните траеше само две минути, пред Живживадзе да погоди за 1:3.

 

Гостите погодија уште двапати во серија. Кваратскелија со гол од пенал во 58. минута зголеми на 1:4, а Ќазаишвили во 69. минута ја донесе Грузија и до 1:5.

 

Бугарија го ублажи срамот со голот на Стефанов во 83. минута, но потоа гостите имаа и пенал во 94. минута кој не успеаја да го претворат во уште поубедлив триумф.

 

Грузија за неколку дена доаѓа во Скопје пред големото дерби во групата со нашата репрезентација кое се игра во четврток на националната арена „Тодор проески“ со почеток од 20.45 часот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЛН: Шпанија се спаси од пораз, Србија и Португалија со убедливи победи (ВИДЕО)
СледноОва е првиот пик на ПСЖ за нов тренер!