Бобан Николов со највисока оценка за дуелот со Гибралтар

406

Македонската фудбалска репрезентација ги спакува куферите, денеска околу 15:15 часот треба да пристигне во Скопје. Од гостинската мисија на стартот на Лигата на Нации, нашите момци се враќаат со една победа и реми.

Избраниците на Благоја Милевски вчера против Гибралтар славеа со 2-0, стрелци на головите беа Енис Барид во 21. минута, додека Бобан Николов во 84. минута ги постави конечните 0-2.

Токму Николов според специјализираниот сајт „Веб Скаут“ кој прави анализи на натпреварите доби највисока оценка за дуелот со Гибралтар. Македонскиот репрезентативец е оценет 7,8.

Македонија во Скопје ќе одигра уште два меча, против Грузија на 9. јуни и реваншот со Гибралтар на 12. јуни.

ПретходноВориорс го возвратија ударот со чудесна трета четвртина (ВИДЕО)
СледноГрузија со голема самодоверба пред мечот со Македонија: Одиме по целиот „плен“ во Скопје