Пелистер успеа да израмни на 1-1 во финалето на плеј-офот, на домашен терен по продолжение го совлада МЗТ Скопје со 82-79 и најави дека нема лесно да се откаже од обидот да дојде до првата титула во историјата.
Пред полните трибини, битолските кошаркари ги пребродија сите тешки моменти, па и оние услови за игра во топлата сала.
„Уживаа сите љубители на кошарката, без разлика за која екипа навиваа. Битолчани и „Чкембарите“ направија неверојатна атмосфера, каква одамна не е видена на кошаркарските терени.
Условите за игра беа тешки, во салата беше многу топло, но публиката ни даде „ветер вo грб кога беше најпотребно. Исто како и на првиот натпревар решаваа нијанси. Одбраната беше во преден план, се играше многу цврста кошарка. Имавме шанса да го решиме натпреварот во регуларниот тек, но не стигна заморот во последната минута. Во продолжението покажавме карактер и одигравме цврсто кога се решаваше натпреварот. Имаме малку време до следниот натпревар, но така е и за противникот. Ова е финале и нема простор за калкулации“, изјави Стајиќ.










