Триумф на Мигуел Оливеира на ГП Каталонија

125

Португалскиот возач Мигуел Оливеира е победник на седмата трка од Мото ГП шампионатот што се возеше во Каталуња. За возачот на КТМ ова е прва победа сезонава, а иако стартуваше од четвртата позиција, сепак, успеа да триумфира.

Второто и третото место го комплетира Јоан Зарко и Џек Милер.

Фабио Квартараро кој важеше за фаворит за победа остана само четврти. Тој стартуваше од првото место меѓутоа имаше лошо возење и на крајот мораше да се задоволи со четвртото место. Топ 5 го комплетира Шпанецот Жоан Мир.

ПретходноФИНАЛЕ НА ЕП У21: Германците по трета, Португалците по првата титула
СледноИџе осмопласиран на втората трка во Мисано