Ел Мундо Депортиво: Зидан е фаворит за клупата на ПСЖ

160
ФОТО: Real MadridFC/X

Дали Зинедин Зидан подготвува сезационален кам бек во фудбалот? Според денешното издание на Ел Мундо Депортиво, тој е многу блиску до такво нешто откако преговорите со ПСЖ за негов ангажман како тренер на овој клуб деновиве се интензиирани.

Јасно е дека во Париз не се задоволни од Маурисио Покетино кој не успеа да донесе трофеј во Лигата на Шампионите, па се бара решени. И тоа какво. Зидан би станал најплатаниот тренер на светот доколку ја прифати богатата понуда, која изнесува 25 милиони евра по сезона, повеќе од Чоло Симеоне односно Пеп Гвардиола.

Секако, сеуште е активна и опцијата Зидан да ја преземе репрезентацијата на Франција, по Мундијалот во Катар и ќе го замени сегашниот селектор Дидие Дешамп.

 

ПретходноАкадемија Пандев носи лев бек од Франција (ВИДЕО)
СледноКвачарелија: Македонија ни зеде Европско, доаѓаме во Скопје по одмазда