Некогашниот италијански репрезентативец Џенаро Гатузо ќе биде новиот тренер на Валенсија. Италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо, познат по трансферите во Италија, но и други извори од Апенините тврдат дека Гатузо ќе го преземе кормилото на Валенсија со тоа што ќе потпише договор на две сезони, а ќе има годишна плата од околу три милиони евра.
Валенсија заврши на деветтото место на табелата во Ла Лига и играше финале на Купот, а им треба промена за наредната сезона. Токму темпераментниот Гатузо би можел да ги размрда работите. Инаку екс-фудбалерот на Милан, работеше како тренер на Палермо, Сион, Пиза, Милан, Наполи и Фиорентина.