Неверојатни бројки зад името на „Кралот“: Лазаров има освоено 56 трофеи, постигна 1728 гола во светиот македонси дрес!

253

Кирил Лазаров денеска и официјално го потврди она што се најавуваше. Најдобриот македонски ракометар стави крај на својата богата кариера, Лазаров почна од Свети Николе стигна до Нант. Бројките кои ги оствари од 1995 година кога заигра за првиот тим на Борец до денеска се неверојатни.

Лазаров има освоено 56 трофеи во неговата кариера. 18 пати бил национален првак, во четири различни земји ги освојувал титулите. Националниот Куп го има освоено 19 пати, беше освојувач на АСОБАЛ Купот 5 пати, освојувач на АСОБАЛ Суперкупот 6 пати. Со Барселона го подигна пехарот во Лигата на шампиони, каде е најдобар стрелец.

Кирил Лазаров е првиот ракометар кој станал надобар стрелец на Европско и на Светско првенство.

За македонската репрезентација одигра 236 натпревари и постигна 1728 гола. Гордо го вееше македонското знаме, тој беше еден од главните амбасадори на Македонија.

Благодарение на него, Македонија секоја година редовно учествува на големите натпреварувања, а тој во својата кариера ги има 12.

Лазаров го носеше дресот на Пелистер, Загреб, Веспрем, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант.

ПретходноЛазаров со писмо до фановите: Моето долго и прекрасно патување дојде до самиот крај! Заминувам со гордо крената глава!
СледноОбјави „жешки“ слики со машко па замина во Перт Глори (ФОТО)