Павличевиќ: Во младите играчи добиваме костур на тимот за во иднина

136

Нашите одбојкари утревечер во Скопје против Романија се пред нов предизвик во Европската сребрена лига. По двата порази од Албанија, сега на ред е реваншот со Романците против кои на гости успеавме да освоиме еден бод.

Селекторот Павличевиќ, смета дека резултатите се одраз на значителното подмладување на националниот тим.

„Почнуваме со вториот круг од натпреварувањето. Засега имаме една победа, па ова е нов предизвик. Се надевам дека ќе играме многу подобро од минатите натпревари. Ситуацијата е таква, имаме тројца нови играчи на кои им е дадена шанса затоа што тоа е иднината на нашата одбојка. Мислам дека шансите утре се 50-50. Можеби натпреварите ги загубивме, но добиваме играчи кои треба да бидат иднина на оваа репрезентација“, вели селекторот на нашата репрезентација, Ратко Павличевиќ.

Според најавата од ОФМ, состојбата со повредата на Владо Милев е подобра и тој најверојатно утре ќе им помогне на соиграчите на исклучително важниот меч со Романците.

ПретходноПрекин во СЦ „Јане Сандански“, Пелистер на кратко се повлече
СледноСагосен е опериран, го чека пауза и до 8 месеци