Кошаркарите на Ритас Вилнус го победија Лиеткабелис со 79–76 во натпреварот бр. 5 од финалето на Литванската лига за да ја добијат серијата со 4-1 и да ја освојат шампионската титула за првпат по пауза од 12 години. Последен пат Ритас беше шампион на Литванија во 2010 година.
Исто така, ова е првпат во 12 години тим кој не се вика Жалгирис Каунас да го освои литванскиот шампионат.