Првиот МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ во јуни замина во село Ратавица, во општина Пробиштип, а неговиот сопственик стана побогат за 1.301.493 денари.
Добитникот на првиот МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ во шестиот месец од годината, сакаше да ја сподели радоста со цела Македонија. Се вика Тони Велковски и доаѓа од село Ратавица, кај Пробиштип.
Тони сподели дека често сака да се забавува со игрите на Видеолотарија Касинос Австрија, но овој пат бил неговиот среќен ден. Околу пладне, во неделата на 5 јуни, ја играл играта „Flaming Hot“ кога го забележал сигналот за добивка. Сумата од 1.301.493 денари ќе биде добредојдено освежување на неговиот домашен буџет и допрва ќе реши како ќе ги потроши парите.
Ова беше прв МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ во месец јуни, а со оглед дека во мај имавме 12, забавата штотуку почна и подготвени сме да споделиме уште многу среќни приказни како оваа на Тони Велковски од с. Ратавица.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно