Експедицијата на Грузија, селекција со која утре на Арената во Скопје ќе ги одмериме силите во 3.коло во УЕФА Лигата на Нации, од вчера е во главниот град на нашата земја. Секако дека се очекува тежок и квалитетен меч од страна на двете селекции, а ние се надеваме на наша победа.
Грузијците претпладнево се прошетаа низ центарот на Скопје, со цел да ги видат убавините на нашиот главен град.
Попладне од 18 часот ги чека и тренинг на Националната Арена “Тодор Проески“.
Да се потсетиме дека утре мечот започнува во 20:45 часот.