Некогашни соиграчи: Георгиевски доби дрес од потпретседателот на грузиската федерација Јашвили! (ФОТО)

657

Некогаш заедно играа во Интер Баку, а денеска беа заедно на кафе во Скопје. Славчо Георгиевски – Тупан и Александре Јашвили, првиот сега е тренер на Тетекс, а вториот е потпретседател на Фудбалската федерација на Грузија. Јашвили како што и личи, му подари дрес од селекцијата на Грузија, на својот македонски пријател Тупан на денешната средба.

No description available.

Инаку Јашвили е големо име во фудбалот во Грузија, како фудбалер има играно во Динамо Тбилиси, Фрајбург, Бохум, Интер Баку. Има и 67 настапи и постигнато 15 голови за својата селекција, сега ја извршува функцијата потпретседател на федерацијата.

Да потсетиме дека од вчера селекцијата на Грузија е во Скопје, каде утре ќе ги одмери силите со нашата репрезентација во меч од УЕФА Лигата на Нации.

Секако дека Георгиевски ќе си навива за Македонија, а неговиот пријател и некогашен соиграч, за Грузија.

ПретходноБејл останува во Мадрид!?
СледноНадежите на Вардар одиграа 0:0 против Ц. Звезда! (ФОТО)