Милевски: Да се даде максимум, да се победи…!

175

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра „финалето“, во групата од Лигата на нации против Грузија, директниот ривал за првата позиција. Противникот сериозен, во фурија со два меча од кои на Гиблартар му дадоа 4 а на Бугарија среде Разград 5 голови. Грузија!? Нашата историска препрека преку која летнавме на ЕП, но им нанесовме болна рана која уште е фаталн по оваа селекција. Селекторот Благоја Милевски свесен за предизвикот, за финалето… Во пресрет на големата пресметка тој го кажа својот став на прес конференцијата по последниот тренинг на „рисовите“.

„Овој период е таков каквов што е. Не може да бараме натпреварувачка форма од играчи кои се надвор од форма. Не гледам ништо поразлично од претходните два меча. Се што е поминато е историја, секој нареден меч е следниот предизвик и шанса за нова победа. Ќе се потрудиме да бидеме подобри утре во одмос на претходните два меча. Има разлика од оваа Грузија во однос на Грузија од нашите минати дуели. Имаат нов селектор, нова визија, нема ништо слично од она што беше и ова што не чека. Не се оптеретуваме многу од важноста на утрешниот меч. Да се даде максимумот и да се постигна успех“, најави Милевски во пресрет на главната битка овој јуни во нивиот циклус од Лигата на нации.

Понбедата од 5:2 над Бугарија дали прави дополнителен притисок?

„Посакуваме исполнет стадион кој ќе биде додатен стимул за нас како тим, да ја осетиме таа домашна публика. Поддршката ни е многу потребна. Победата од 5:2 над Бугарија може и не мора да значи ништо. Очекувам поразличен меч од оној нашиот со Бугарија и оној нивниот“ – рече Милевски. На прашањата дали го гледавте дуелот на Грузија со Бугарија и што мислите за силата на Грузија Милевски одговори.

„Секако, го анализирав и не само тој туку и претходиоте дуели. Одличен тим, одлични индивидиалци. Одличен меч со Бугарија одиграа но секој меч е различна приказна. Ќе видиме што ќе се случи утре… Дали има некој од грузискиот тим кој би го потенцирал како опасност и дали во составот во Македонија има промени по оној бараж во Грзија. „Тој меч во Грузија нема никаква конекција со овој сега и не би се навраќал сега на таа средба. И како тим и како индивидиално Грузија има квалиотет кој ако им го дозволиоте да го покажат ќе знаат да бидат опасност. Но за тоа треба да им се дозвволи такво нешто а Македонија е таа која се прашува на утрешниот меч“ – рече нашиот селектор.

 

 

 

ПретходноДенвер Бронкос продадени за 4.6 милијарди долари
СледноСтоле Димитриевски: Со полн стадион ќе биде полесно!