Претседатлот на Барселома, Жоан Лапорта говореше за финансиската ситуација на клубот. Каталонскиот гигант и натаму има големи долгови од неколку стотина милиони евра од времето на Бартомеу.
Претседатлот на Барселома, Жоан Лапорта говореше за финансиската ситуација на клубот. Каталонскиот гигант и натаму има големи долгови од неколку стотина милиони евра од времето на Бартомеу.
Но првиот човек на клубот потенцира дека истата може да се поправи, а на „Камп Ноу“ ќе се игра елитен фудбал.
„Кога дојдов не можев да исплатам плата за мај. Бевме речиси мртви. Успеавме да го оживееме тимот, го реструктуиравме клубот и неговиот долг.
Акционерите вложуваат пари, што не е можно за клуб како нашиот. Но, се разбира, клубот никогаш нема да му припадне на трет сопственик.
Ние не сме одговорни за минатото управување. Ги имаме тие економски понуди кои се опции за подобрување на економската состојба и да останеме сопственици на клубот.
Можам да најавам дека доколку гласате ЗА, ќе ги пуштиме овие економски понуди. Тоа значи дека ќе имаме позитивна нето сума, ќе имаме нормален коефициент на долгот и ќе можеме да трансферираме играчи за да бидеме конкурентни. Важно е да се остане конкурентен.
Една година по нашето враќање, ви велам – Барселона е силна. Клубот има огромна моќ да привлече капитал, инвеститорите го задржуваат нашиот модел на сопственост. Доколку нашиот партнер ни дозволи да ги активираме овие две економски понуди, ќе бидеме во ред“, изјави Лапорта за Барса ТВ.