Бараж: Воска ја победи Фортуна и е на чекор до пласман во ВМФЛ – ЗАПАД!

2344

 

Денеска во Гостивар се одигра првиот од трите планирани бараж натпревари за пополнување на Втората лига – запад. Екипата на Воска, првопласираниот тим во Југозападниот регион, ја победи Фортуна, која беше првак во Северниот регион со 4:2 и речиси е на чекор до пласман во втората лига.

Воска, водеше до 90.минута со 3:2, за да во последните секунди од мечот успеа да го постигне и четвртиот гол и со тоа да стави печат на победата.

Во среда играат екипите на Беса и Фортуна, а во сабота пак Беса и Воска. Две од трите овие екипи во следната сезона ќе играат во ВМФЛ – ЗАПАД.

ПретходноРашфорд ќе се оперира по Европското првенство
СледноДоминација во мак-баскетот: МЗТ Скопје со „метла“ до осмата титула