Поранешниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт го посоветува својот сонародник Френки де Јонг да ја искористи шансата и да се пресели во Манчестер Јунајтед. Играчот од средниот ред на Барселона е цел на „Црвените ѓаволи“, се зборува дека клубот од Ноу Камп сака најмалку 100 милиони евра.
„Во Манчестер Јунајтед ќе се чувствува како да е во репрезентацијата. Со својот квалитет ќе отстапува во однос на другите. Мислам дека треба да ја искористи шансата и да му се приклучи на тимот од „Олд Трафорд“. Да сум на негово место веднаш би го направил тоа.
Премиер лигата е рај за играчи за врска. Играта изгледа брза затоа што фудбалерите бргу ја губат топката. Јас многу се забавував кога играв таму. Френки е толку добар во холандсата репрезентација зтоа што е единствен играч од средниот ред со такви квалитети и има голема слобода во играта. Во Барса таму се Педри, Гави, Бускетс… Тешко е да се адаптираш“, објасни Ван дер Варт.