Екс министерот на Република Македонија за надворешни работи во периодот од 2011 до 2017 година, Никола Попоски на изненадување на многумина се појави на тековниот семинар на Фудбалската федерација на Македонија кој во моментов како што е тоа вообичаено се одржува во Дојран.
Искусниот политичар очигледно се реши да се проба и во фудбалските води, па во моментов го посетува семинарот за почетната Ц лиценца која што е потребна за работа со младински категории.
Според нашите сознанија, Попоски кој веќе изесен период живее во Брисел, Белгија веќе има почетно искуство со работа со младински категории, па очигледно решил сето тоа да го официјализира со лиценца. Му посакуваме на поранешниот министер многу среќа во фудбалот но го предупредуваме дека тој е исто толку стресен како и политиката.