Нашиот атлетичар Андреас Трајковски продолжува со успешните резултати. Тој денеска на атлетскиот митинг во Копенхаген (Данска) на 100 метри успеа да истрча нов државен рекорд. Трајковски се најде на третото место со 10.50 секунди со што го собори рекордот кој го држеше Јован Стојоски и изнесуваше 10.59 секунди.