Македонската репрезебтација до 21. година на комплексот Петар Милошевски од 17:00 часот ќе го одиграат вториот и воедно последен дуел од серијата мечеви кои ги имаа периодов против соодветната селекција на Босна.
Избраниците на селекторот Драган Канатларовски, новата генерација, денеска ќе се обиде да ја надополни победата од првиот дуел, со нов триумф и на тој начин да финишира во добар стил.
Селекторот Канатларовски инсистираше на овие два дуели, иако реално крајот на сезоната е одамна тука, за да може да дефинира кој е кадарен и со капацитет да го носи дресот на Македонија во квалификацискиот циклус кој стартува наесен.