Мартин Стојанов нов играч на Септември

315

Мартин Стојанов е нов член на тимот на Септември од Софија. Досегашниот член на тимот на Брегалница Штип заминува во бугарскиот прволигаш како прва интернационална авантура во неговата кариера.

Стојанов беше еден од најдобите поединци во тимот на Брегалница изминатата сезона, се работи за млад и перспективен напаѓач кој одлично си ја искористи дадената шанса изминатиот период во Штип.

Овој трансфер секако дека е награда за неговите досегашни игри, а со трансферот секако дека ќе мора формата да ја качи на уште поголемо ниво.

 

ПретходноПобеди во ММА па се потпиша со крв (ВИДЕО)
СледноДуелот со Гибралтар ќе биде и шанса за деби на Етеми, Димоски, Фазлагиќ…