И ПСЖ тргнува по Левандовски!

91

Роберт Левандовски сепак би можел да заврши во ПСЖ. Не во Барселона или Манчестер Јунајтед, туку во Париз на „Паркот на принцовите“.Ова денеска го објавуваат медиумите во Англија и пред се во Франција.

Имено се нагласува дека парите не се проблем, но и тоа дека Килијан Мбапе би сакал покрај себе во нападот на “светците“ да го има еден таков стрелец каков што е Левандовски.

На овој трансфер инсистирале сите во клубот, посебно Луис Кампош кој од неодамна е новиот спортски директор на ПСЖ.

Сепак не е јасно како би функцинирал нападот на “светците“ ако се знае дека покрај Мбапе, Меси, Нејмар најверојатно во тимот ќе остане и Мауро Икардаи, или пак Кампош има свој план.

Останува да се види.

ФОТО: Twitter

ПретходноБарселона нема пари за Бернардо Силва, Сити бара цело богатство за него
СледноДе Јонг би сакал да игра со Левандовски, но каде?