Денеска е 13 јуни, вообичаен ден. Но за мак – фудбалот овој датум е посебен. Имено треба да се потсетиме дека на денешен ден пред една година нашата најдобра фудбалска репрезентација го одигра првиот меч на едно големо натпреварување, на ЕУРО и тоа против Австрија. Тоа беше првиот меч од групата на ЕП во која беа и Украина и Холандија.
Поразени бевме од Австрија со 1:3, имавме во текот на мечот и 1:1 со голот на Горан Пандев чиј гол беше историски, прв на едно големо натпреварување за Македонија.
И покрај поразот цела нација беше горда, „дишеше“ со фудбалерите.
На трибините на Арената во Букурешт илјадници Македонци, наши фанови кои беа во “екстаза“. Химната се испеа заедно со играчите како никогаш дотогаш…ИСТОРИСКИ сцени беа тоа.
Да не говориме за тоа дека тие денови Букурешт, како подоцна и на мечот со Украина кој се одигра во истиот град, и буквално беше МАКЕДОНСКИ ГРАД.
Шоу на “фалангата“, на најверните фанови на нашата репрезентација.
Верваме дека оваа генерација исто така ќе не израдува и Македонија ќе игра на ЕУРО 2024 во Германија.
Ние веруваме во Милевски и момците.