„Кенгурите“ по шестипат ќе играат на Мундијалите

225

Фудбалската репрезентација на Австралија ќе игра на Светското првенство во Катар оваа година, откако по подобро изведување на пенали го совлада Перу во баражот за едно од последните две слободни мундијалски места.

Мечот во регуларниот дел и по дополнителните 30 минути заврши без победник со најнепопуларните 0:0. И двете репрезентации се чини повеќе внимаваа на својот, откколку што сакаа да го погодат противничкиот гол.

Во пенал рулетот, Австралија промаши уште во првата серија. Ударот на Бојл, голманот на Перу Галесе успеа да го одбрани. Перунаците беа прецизни во првите две серии, но во третата и тие промашија. Ударот на Адвинкула заврши во стативата.

Австралија продолжи со беспрекорно изведување на ударите од белата точка и во следните серии, за разлика од Перу кој промаши во шестата серија и со тоа им даде шанса на „кенгурите“ за нов мундијалски настап.

За Австралија ова ќе биде шесто учество на светските првенства по оние во 1974, 2006, 2010, 2014 и 2018 година.

ПретходноЛН: Хрватите ја совладаа Франција во Париз, Данците го чуваат врвот (ВИДЕО)
СледноДенеска во Нион – ждрепка за 1.квалификациско коло во ЛШ и ЛК: Шкупи за ривал го посакува првакот на Гибралтар…