Некогашниот македонски младински репрезентативец, Нехар Садики својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Егнатиа од Албанија.
Раководството на овој клуб се одлучи да доведе уште еден интернационалец од Македонија, откако таму изминатиот период настапуваа Филип Дурански, Бесир Исени, Бесарт Кривањева, Илирид Адеми, Демир Имери, а еве на ред стигна Садики.
Стоперот последно настапуваше за тимот на Борец, во домашниот шампионат, а ова му е второ интернационално искуство по она на Малта.