Борче Маневски и управата на Пелистер се договорија искусниот напаѓач и следната сезона да биде активен односно да го предводи клубот во второлигашката конкуренција.
Битолчани предмалку објавија дека покрај Маневски договорите се продолжени и со Петар Љамчевски, Јовче Трајковски и Филип Трајчевски кој и до сега ги бранеа боите на клубот.Тие и понатаму остануваат лојални на матичниот клуб.
Претходно денеска е објавено дека во повратник во клубот е и Филип Миленковски.