Добра вест за Медведев: Руските и белоруските тенисери ќе можат да играат на УС Опен!

124

Добра вест за Данил Медведев, тенисерот бр.1 во светот во моментов. Имено според информациите од САД, организаторот на УС Опен ќе им дозволи на тенисерите од Русија и Белорусија да настапат на овој турнир, но тие да не се натпреваруваат под знамето на својата земја, туку тоа да го прават самостојно. Ова е поради агресијата на Русија врз Украина која еве трае веќе четири месеци.

Тоа значи дека Данил Медведев ќе може да ја брани титулата освоена лани на овој турнир.

Инаку УС Опен ќе се одржи од 29 август до 11 септември.

ПретходноАлиоски е во Истанбул, почнуваат преговорите со Трабзон!
СледноПрвото коло од наградната игра „играј, собирај, освој“ на 2WIN.MK влегува во завршница