Унгарскиот селектор со морбидна желба по победата над Англија

211

Унгарија ја совлада Англија со 4:0 во Вулверхемптон во рамките на Лигата на нациите и скокна на чело на табелата во групата во А дивизијата. Унгарија е првата селекција која и дала четири гола на Англија уште од славната унгарска лесна коњица во 1953 година која на Вембли победи со 6:3.
Селекторот на Унгарците Марко Роси беше воодушевен од оваа победа, а на прес-конференцијата одговори дека заслужил да има „минута молчење кога ќе умре“.
„Се надевам дека со оваа победа си обезбедив барем ‘еден минутен молк’ кога ќе умрам на сите стадиони во Унгарија“, изјави Роси.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Академија Пандев го потпиша Марко Ѓорѓиевски
СледноТомасон го презеде кормилото на поранешниот англиски шампион